Проект на Коалицијата СЕГА за поддршка и јакнење на младинскиот сектор во Источниот дел на Р. Македонија
Коалицијата на младински организации „СЕГА“, со поддршка од NED – National Endowment for Democracy, во следните седум месеци ќе го реализира проектот „Младите во заштита на јавниот интерес“ со цел да ги зајакне капацитетите на младите и младинските организации во источна Макединија и да го охрабри вклучувањето на младите во решавање на локални и регионални проблеми и прашања коишто нив ги засегаат.
Last Updated on Thursday, 03 March 2011 18:21
Со цел да се одредат приоритетните акции за имплементација на Националната Стратегија за млади и да се предложат членови на Националниот Управувачки Комитет на 26.09.2007 година беше организирана Младинска Конференција за утврдување на приоритетните акции за имплементација на НСМ во хотел Континентал Скопје од 10.00-18.00 часот.
Last Updated on Thursday, 03 March 2011 18:22
Интегрирање на родова перспектива во младинска политика Овој проект го имплементира Коалицијата на Младински Организации СЕГА заедно со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Проектот е финансиран од УНИФЕМ, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Коалицијата на младински организации СЕГА.
Преземи апликација (DOC - 454 kb)
Last Updated on Thursday, 03 March 2011 18:22
Коалицијата на младински организации СЕГА е организација која ја сочинуваат 17 полноправни и 10 придружни организации-членки. Членките на коалицијата се од различна географска и етничка позадина. Коалицијата на младински организации “СЕГА“ неформално е формирана на 20 Јануари 2004 год. а на 27 септември 2004 година е донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани.
СЕГА е одржлива и развиена младинска фондација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементацијата на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис секторот. Таа континуарно работи на застапување и лобирање на младинската политика на Р.М, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.
Преземи го целосниот Извештај од истражувањето (PDF - 538 kb)
Last Updated on Thursday, 03 March 2011 18:22
Врз основа на Стратешкиот План на Коалицијата СЕГА, стратешка определба I, Воспоставување на Стратешко Партнерство со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Коалицијата СЕГА изготви проект со кој ќе се делува во процесите на започнување со имплементација на Националната стратегија за млади на Република Македонија. За таа цел на 05.07.2007 год. се потпиша Меморандум за Соработка со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за воспоставување на стратешко партнерство при изготвување на Акционен План за Имплементација на Националаната Стратегија за Млади на Република Македонија.
Last Updated on Thursday, 03 March 2011 18:23
Page 1 of 4