10. Доколку не гласаш тоа е исто како и да кажеш „НЕ МИ Е ГАЈЛЕ“.
9. Ако не гласаш на избори тогаш навистина НЕМАШ ПРАВО ДА СЕ ЖАЛИШ на одлуките кои власта ги носи а тебе не ти се допаѓаат или не ти одговараат.
8. Нивните одлуки ТЕ ЗАСЕГАат и тебе!
7. Да се гласа е ЧЕСТ но и ОБВРСКА!
6. На избирачкото место можеш КОНЕЧНО да се запознаеш со слаткото момче/девојка кој/а секогаш го/ја гледаш во соседството.
5. Треба да гласаш затоа што ИМАШ ПРАВО и затоа што МОЖЕШ!
4. Им даваш ДОБАР пример на твоите пријатели.
3. Младите можат најмногу да добијат но и да изгубат на ИЗБОРите, затоа што тие најдолго треба да живеат со последиците.
2. Изборниот Ден е ден кога сите луѓе кои живеат во Македонија се еднакви. ТВОЈОТ ГЛАС Е ПОДЕДНАКВО ВРЕДЕН колку и останатите гласови.
1. Ако не сакаш да бидеш безгласна буква во општеството ГЛАСAЈ! НЕКА ТЕ СЛУШНАТ!