Денес, во рамки на официјална посета на Амбасадорот на САД во Р. Македонија, г-дин Џес Бејли, во просториите на Коалиција СЕГА се одржа средба помеѓу Амбасадорот и млади од општина Прилеп.
На средбата младите разговараа со Амбасадорот за нивните потреби на локално ниво. Воедно дискутираа и ги изразија своите гледишта и ставови за предизвиците и придобивките за Македонија од членство во НАТО. Амбасадорот беше отворен да одговори на прашањата кои ги имаа младите во однос на тоа што значи државата да биде дел од НАТО како и кои се придобивките за Македонија во однос на безбедноста, стабилноста и економијата.
< Prev | Next > |
---|
Last Updated on Thursday, 30 August 2018 12:28