Следете не:

Македонски (Macedonian)EnglishFrançais

"На децата со било каков вид на пречки во развојот треба да им се пружи посебна грижа и подршка за да можат да водат независен живот."
Член 23, Конвенција за правата на детето
 
 

 

 

 

 

      

 КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:     

    

Почетна

Национална работилница за креирање на Позициски документ со препораки за интеграција на НЕЕТ групата на млади

  • PDF
  • Imprimer
  • Envoyer

Во периодот од 14 - 17 ноември 2018 година, во хотел Бисер, Струга се реализира Национална работилница за креирање на Позициски документ со препораки за подобра интеграција на НЕЕТ групата на млади.

На оваа работилница учество зедоа вкупно 45 учесници (млади на возраст од 18 – 29 години и донесувачи на одлуки на возраст од 25 – 50 години). Овој настан е креиран со цел да се воспостави комуникација помеѓу младите и донесувачите на одлуки со цел подобрување на интеграцијата на младите кои спаѓаат во НЕЕТ. На истиот, преку метод на структурен дијалог, во работни групи на три различни теми, се креираа препораки за подобра интеграција на НЕЕТ групата на млади во процесот на образование, вработување како и во процесот на обука и доквалификација.

Како краен резултат на проектот е „Позициски документ со препораки за подобра интеграција на НЕЕТ групата на млади“. 

Настанот е дел од проектот „Интеграција на НЕЕТ групата на млади“, поддржан од Национална агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на програмата Еразмус+, Клучна Акција 3, Структурен дијалог.



 

ТРИЕСЕТ МЛАДИ УЧЕСНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО МОМЕНТОВ УЧЕСТВУВААТ НА МЛАДИНСКИ КАМП ВО ТИРАНА, АЛБАНИЈА

  • PDF
  • Imprimer
  • Envoyer

 

Во периодот од 08.11.2018 – 10.11.2018 се реализира Младински Камп за помирување и соработка во земјите на Западниот Балкан (Youth Start Up camp for Reconciliation and Cooperation in the Western Balkans). На настанот учествуваат 90 млади (30 млади од Македонија, 30 млади од Косово и 30 млади од Албанија).

Младите учесници на Кампот преку оваа иницијатива ќе ги откријат соседските земји, традиции и култури преку неформално учење и  ќе развијат креативно размислување, ќе научат како да измислат нови начини за решавање на проблемите - да размислуваат "outside the box" - да се разберат меѓусебно, да направат нови пријатели и да се забавуваат!

Младинскиот камп е дел од прокетот “Youth Start Up for Reconciliation and Cooperation in the Western Balkans” кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во Македонија заедно со Women’s Network Equality in Decision Making од Албанија и ZANA NGO од Косово. Проектот има за цел да го олесни создавањето на интер-акционен простор за млади луѓе меѓу 15-29 години да ја зајакнат соработката преку know-how, вмрежување и активно учество.

 

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА КОАЛИЦИЈА СЕГА (2018)

  • PDF
  • Imprimer
  • Envoyer

На 08.11.2018, во просториите на Граѓански Ресурсен центар Скопје, се реализира состанокот на Годишното Собрание на Коалиција СЕГА за 2018 година.

Согласно дневниот ред беше усвоен записникот од претходната седница на Собранието, програмскиот и финансискиот извештај за работа за 2017 година како и Годишната програма на СЕГА за 2018 година.

На Собранието учество зеде и претставник од Агенција за млади и спорт, г-ца Александра Дичевска која ги презентираше тековните актуелни можности и активности наменети за млади од страна на АМС во тековната 2018, како и наредната 2019 година.

Исто така учество на Собранието зеде и претставник од Агенција за Демократски Иницијативи, г-ца Моника Вељаноска, која ги презентираше искуствата, а воедно и можностите во рамките на проектот од програмата за Граѓанско учество (CEP).

Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации активна во полето на лобирање за промени во младинските политики, посветена кон подржување на младинскиот активизам, подобрување на пристапот до информации и учеството на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми. 

 

ПРЕКУ ОБУКА БЕА ЗАЈАКНАТИ КАПАЦИТЕТИТЕ НА ДЕЦАТА ПРАВОБРАНИТЕЛИ И НИВНИТЕ ЗАМЕНИЦИ, КАКО И ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА КЛАСОВИ

  • PDF
  • Imprimer
  • Envoyer

Со цел да се зајакнат капацитетите на децата правобранители и нивните заменици во периодот од 26 – 28 октомври се спроведеме процес на зајакнување на нивните капацитети. За децата правобранители и нивните заменици се спроведи 2-дневна обука на тема  “Конвенцијата за правата на детето и Специфичната улога на децата правобранители, на која учествуваа децата првобранители, нивните заменици како и  претседателите на класови од вклучените училишта. На обуката учествува вкупно 20 учесници од двете средни училишта во Град Скопје (СОУ „Владо Тасевски“ и СОУ „Панче Арсовски“). На  оваа обука учесниците се стекнаа со знаења за историјатот, структурата, принципите и улогата на Конвенцијата за правата на детето. Подетално беа разгледани правата на децата кои се однесуваат на опстанокот и развојот, правата на децата кои се однесуваат на заштита, правата кои се однесуваат на учество и правата кои се однесуваат на образовниот процес. Посебен дел на обуката беше предвиден за пренесување на знаењата за Конвенцијата за правата на детето на нивните врсници.

Исто така учесниците се стекнаа со знаења за специфичната улога на детето правобранител, како и за функцијата Народен Правобранител, со акцент на специфичната улога на функцијата Заменик Народен Правобранител (Одделение за заштита на правата на детето), улогата на детето правобранител во училиштето, процедура за поднесување претставки, како децата да препознаат кога им се прекршени нивните права и како да интервенираат. Посебен дел од обуката беше предвиден за развивање на комуникација на децата правобранители со Заменикот народен правобранител и промоција на децата правобранители во училиштата.

Оваа обука ја испорачуваше претставник од канцеларијата на Народниот Правобранител на Р.М. (од Одделението за заштита на детските права). Очекуваме да биде развиен план за комуникација со децата правобранители и претставник од одделението за заштита на детски права.

 

Последен повик за учество на вебинар „Младинско информативни методи за работа со млади во ситуација на НЕЕТ “

  • PDF
  • Imprimer
  • Envoyer


Кога: денес, 30 октомври, со почеток во 11:00 часот!
Колку ќе трае? Час и половина!
Цена за учество? БЕСПЛАТНО!
Како да се регистирам? Кликни тука: https://epi.clickmeeting.com/neet/register
На кој јазик ќе биде вебинарот? Овој вебинар ќе се одржи на англиски јазик.

*Овој вебинар ќе се одржи онлајн.

Коалиција на младински организации СЕГА Ве поканува да учествувате на вебинар на тема „Младинско информативни методи за работа со млади во ситуација на НЕЕТ“. ToT вебинарот е наменет за преставници на младински организации, младински работници и млади од цела Европа каде детално ќе се престават практични Младинско информативни методи за работа со млади во НЕЕТ ситуација.

Превенцијата треба да биде приоритет со цел да се избегне зголемување на бројот на млади луѓе кои би биле во ситуација на НЕЕТ и да го разбијат интергенерацискиот циклус на социјална исклученост. Потребен е проактивен пристап на младинските организации од цела Европа да обезбедат рана интервенција за да се избегне младите луѓе да се најдат во ситуација на НЕЕТ.

Со зајакнување на капацитетот на младинските организации, младинските работници и другите засегнати страни, ќе се обезбедиме поттикнување на социјалното вклучување на младите во ситуација на NEET, промовирање и зголемување на достапноста на професионално советување и насоки прилагодени на потребите на социјално исклучените млади луѓе во сите фази од нивниот живот. Преку овој вебинар младинските работници ќе се запознаат со новиот пристап во информирање на младите во НЕЕТ ситуација.

 

Проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади" има за цел да се зголеми квалитетот на младинската работа во адресирањето на потребите на NEET во Европа како и да се воведе и примени иновативен пристап на младинско информирање за активно вклучување на NEET во општеството. Проектот го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска со поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност преку Програмата Еразмус +, клучна акција 2: стратешки партнерства во областа на младите.

Mise à jour le Mardi, 30 Octobre 2018 09:35

 

Page 1 sur 43

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ТРОГЕН!

FLETËPARAQITJE PËR PJESMARRJE NË SHKËMBIMIN NDËRKULTUROR NË FSHATIN E FËIMIJËVE PESTALOCI TROGEN

СЕГА Е ЕУРОДЕСК ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Анкета

Дали сметате дека Владините мерки за вработување ќе ја намалат младинската невработеност?
 

СЕГА во медиумите

Коалиција на младински организации СЕГА е:

организација
членка на:
организација
соработник на:

придружна
организација
на:

Календар на активности на СЕГА

January 2019 February 2019 March 2019
Lu Ma Me Je Ve Sa Di
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28